четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Уапсен, па ослободен британскиот амбасадор во Иран

Уапсен, па ослободен британскиот амбасадор во Иран

Иранските власти на кратко го притвориле британскиот амбасадор во Техеран, соопшти британското Министерство за надворешни работи, осудувајќи го апсењето како „грубо кршење на меѓународното право“.

Претходно агенцијата Тасним од Техеран јави дека британскиот амбасадор Роб Макер е уапсен пред универзитетот „Амир Кабир“ и дека неколку часа бил држан во притвор заради, како што наведува, поттикнување антивладини протести, пренесоа британските медиуми.

-Апсењето на нашиот амбасадор во Техеран, без основа или објаснување, е грубо кршење на меѓународното право, предупреди шефот на британската дипломатија Доминик Раб.

Околу 1.000 лица синоќа се собраа во центарот на Техеран барајќи ја оставката на врховниот ирански духовен лидер ајатолахот Али Хамнеи и кинејќи ги сликите на неодамна убиениот генерал Касим Сулејмани.

Коронавирус