сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Уапсен осомничен шеф на италијанскаta мафија за време на велигденска вечера

Уапсен осомничен шеф на италијанскаta мафија за време на велигденска вечера

Полицијата во Сицилија го приведе Џузепе Калварусо, осомничен шеф на мафијата. Акцијата е спроведена за време на славеничката вечера откако се вратил дома во Палермо за Велигден од Бразил, каде претходно побегна, јави Анса.

Осомничениот шеф на мафијашката група „Паљарели“ ја напуштил Италија за Бразил пред извесно време, но се вратил во Палермо пред Велигден.

Полицијата уапси уште четворица мажи, осомничени дека биле активни во сицилијанската организација Коза Ностра. Осомничените се обвинети за изнуда, напад, киднапирање и други тешки кривични дела, пренесува ДПА.

Рацијата беше координирана од обвинителите во Палермо и други истражители кои се борат против мафијата.

Коронавирус