вторник, 3. октомври 2023. Вести денес: 42
home Вести

Уапсен осомничен организатор на убиството на новинарката Мирослава Брич

Уапсен осомничен организатор на убиството на новинарката Мирослава Брич

Мексиканските власти уапсија маж за кој се сомневаат дека наредил убиство на новинарката Мирославa Брич во март.

Националната комисија за безбедност соопшти дека 43-годишниот осомничен е уапсен заедно со уште две лица во градот Бакобампо во државата Сонора.

Осомничениот е идентификуван како лидер на криминална група што е активна во делови на државите Сонора и Чивава.

Брич (54) беше дописничка на националниот весник „Ла Хорнада“. Беше убиена со осум куршуми пред гаражата на нејзината куќа на 23 март.

Најмалку десет новинари се убиени во Мексико оваа година.