вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 148
home Вести

Уапсен хонгконшкиот активист Џошуа Вонг

Уапсен хонгконшкиот активист Џошуа Вонг

Познатиот активист од Хонг Конг, Џошуа Вонг, е уапсен денеска за „непочитување на нередбите“ за време на протестите во октомври 2019 година во оваа поранешна британска колонија, соопшти тој на Твитер, пренесе ДПА.

На Вонг му било кажано дека го прекршил „драконскиот закон против маскирање“, наведува тој во твитот, во врска со забраната за покривање на лица на протестите што беа прогласени за неуставни од страна на градскиот Апелациски суд кон крајот на минатата година.

Претседателот на Лигата на социјалдемократи, Авери Нг, потврди дека се уапсени Вонг и Ку Ше Ји, соработник на групата.

Во јуни 2019 година во Хонг Конг избувнаа масовни антивладини демонстрации, како одговор на сега веќе укинатиот предлог-закон за екстрадиција, што на Кина требаше да и овозможи на дисидентите да им се суди пред судовите на матичната земја.

Носењето маски, сепак, сега е задолжително на јавни места во Хонг Конг во борбата против коронавирусот, но пред една година беше забрането да се покрива лицето, што ја олесни работата на полицијата за време на протестот.

Адвокатот на Вонг рече дека активистот бил уапсен додека требало да се јави во полициската станица како дел од судската контрола, во врска со друг случај што се уште не е завршен.

-Вонг е осомничен дека учествувал во нелегален митинг на 5 октомври минатата година, кога стотици луѓе протестираа против забраната за носење маски, рече адвокатот Џонатан Ман.

Во Хонг Конг со месеци наназад речиси секој ден се одржуваат демонстрации за одбрана на слободите и осуда на мешањето на Кина во внатрешните работи на овој полуавтономен регион, додаде ДПА. (МИА)

Коронавирус