среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 80
home Вести

Уапсен еден од крадците по филмскиот грабеж на шведските кралски скапоцености

Уапсен еден од крадците по филмскиот грабеж на шведските кралски скапоцености

Еден од лицата што пред месец и половина украдоа скапоцености од 17. век што му припаѓаа на шведското кралско семејство, е уапсен денеска, соопштија шведските власти.

Крадците на 31 јули украдоа две круни од 1611 година и сфера од катедрала во Странгнас, западно од Стокхолм, а по кражбата побегнаа со моторни чамци. Ништо од украдениот накит не е пронајдено, соопшти Јавното обвинителство.

Украдените средновековни предмети се од непроценлива вредност и ќе биде тешко да се препродадат, коментираат познавачите.

Круните се украсени со злато, бисери и скапоцени камења, а им припаѓале на кралот Карл Деветти и кралицата Кристина.

Коронавирус