Амбасадорот на Азербејџан во Србија, Црна Гора и БиХ, Елдар Хасанов, е уапсен под сомнение дека проневерил голема сума пари и злоупотребил средства од буџетот, објави прес-службата на државната безбедност на Азербејџан, јави РИА.
-Амбасадорот на Азербејџан во Србија, Црна Гора и БиХ, Елдар Хасанов е приведен. Тој е обвинет за злоупотреба на голема сума пари од буџетот, за злоупотреба на пари и други злосторства. Тој беше приведен за време на истрагата, а кривичната постапка против него е во фаза на истрагата, се вели во соопштението од Баку.
Се додава дека јавноста ќе биде информирана за понатамошниот тек на истрагата