среда, 26. јануари 2022. Вести денес: 140
АКТУЕЛНО

Повторно над 2.000 заболени од коронавирус во земјава

home Вести

Уапсен доктор кој издал 2.000 лажни ковид-потврди во Белгија

Уапсен доктор кој издал 2.000 лажни ковид-потврди во Белгија

Во Белгија е уапсен лекар кој издал околу 2.000 лажни ковид-потврди, соопштија денеска властите на таа земја.

Министерката за здравство на белгискиот регион Валонија, Кристи Мореал, изјави дека лекарот, кој не бил назначен, ќе биде кривично гонет поради издавање лажни ковид-сертификати, пренесе „Анадолија“.

Опишувајќи го случајот како „здравствен скандал“, таа рече дека потврдите се одземени и дека лицата инволвирани во измамата ќе се соочат со правни последици.

Сертификатите докажале дека лицето било целосно вакцинирано, негативно на тестот за коронавирус во последните 48 часа или дека го прележало во последните шест месеци.

Овој сертификат е потребен од почетокот на ноември за влез во ресторани, кафулиња, барови, спортски сали и други места во Белгија.

Коронавирус