среда, 26. јануари 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Црн рекорд: 2341 новозаразени, нови 26 починати од коронавирус

home Вести

Уапсен човекот кој со цијанид убил 10 лица

Уапсен човекот кој со цијанид убил 10 лица

Индиската полиција соопшти дека го уапсила 38-годишниот Веланки Симхадри под сомнение дека убил десет луѓе во индиската држава Андра Прадеш ставајќи им цијанис во храната или лековите, а потоа крадел пари, злато или сребро од жртвите.

–Тој на некои од жртвите им давал прасадам, верско јадење во кое ставал цијанид, додека другите ги убедувал дека цијанидот е традиционален лек.

Според полицијата Симхадри го украл имотот на девет жртви.

Тој е уапсен, но против него не е покренато обвинение ниту е одреден датумот за судење.

Во согласност индискиот закон за убиство предвидена е смртна или доживотна затворска казна.

Според полицијата, Симхадри имал големи долгови откако изгубил пари на недвижен имот. Тој почнал да кради пари и злато од познаниците, а подоцна ги убивал со цијанид. Со парите од жртвите Симхадри купил една, и изградил уште една куќа.

Симхадри признал дека убил десет лица и оти ги покрал за да води луксузен живот.
За време на апсењето кај Симхадри се пронајдени 163.400 рупии (околу 2.300 долари) и мало количество цијанид.

Коронавирус