недела, 26. септември 2021. Вести денес: 24
home Вести

Твитер соработува со Ројтерс и АП во борбата против дезинформации

Твитер соработува со Ројтерс и АП во борбата против дезинформации

Социјалната мрежа Твитер соопшти дека ќе соработува со Ројтерс и Асошиејтед Прес (АП), најголемите новински агенции во светот, со цел борба против дезинформациите, јави Би-Би-Си. Двете новински агенции веќе соработуваат со Фејсбук на проверка на факти.

Во соопштението се посочува дека новинските агенции ќе понудат поширок контекст и повеќе информации за настаните кои преизвикуваат голем број твитови. Твитер се надева дека на тој начин ќе се намалат дезинформациите.

„Наместо да чека нешто да стане вирално, Твитер ќе го контекстуализира развојот на дискусијата (преку Интернет)“, велат од компанијата.

Во моментов, тимот на Твитер за организирање и селекција, кога ќе се појави нешто контроверзно на Интернет, наоѓа и промовира релевантен контекст од сигурни извори за да спречи ширење на потенцијално погрешни информации објавени од корисниците.

Според Би -Би -Си, Твитер ќе соработува одделно со двете ривалски новински агенции и првично ќе се фокусира на содржината на англиски јазик.

Коронавирус