вторник, 10. мај 2022. Вести денес: 14
home Вести

Твитер го блокираше налогот на милијардерот Рикардо Салинас Плиега заради навреди кон новинарка

Твитер го блокираше налогот на милијардерот Рикардо Салинас Плиега заради навреди кон новинарка

Твитер вчера соопшти дека ја блокирал сметката на мексиканскиот милијардер Рикардо Салинас Плиего поради навредливо однесување кон мексикански новинар.

Раководството на Твитер соопшти дека Салинас на неговиот налог „учествувал во вознемирувачки ситуации насочени кон едно лице“.

Минатата недела Салинас, сопственик на „Banco Azteca SA“, влезе во расправија со мексиканската новинарка Дениз Дресер, коментирајќи го на Твитер нејзиниот изглед, што социјалната мрежа го смета за прекршување на нејзините правила.

Салинас на својот профил на Телеграм напиша дека ќе ги користи своите налози на Телеграм, Фејсбук, Инстаграм и ТикТок додека не го реши „проблемот со Твитер“.

Милијардерот и неговото семејство се рангирани на 153-то место на листата на милијардери на Форбс, со проценета нето вредност од 13,5 милијарди долари.

Коронавирус