вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 10
home Вести

Твитер ги блокираше профилите на Хамас и Хезболах

Твитер ги блокираше профилите на Хамас и Хезболах

Твитер забрани или блокираше најмалку 35 профили поврзани со исламистичките екстремистички организации, палестинската Хамас и либанската Хезболах.

На тој чекор, оваа социјална мрежа се одлучила по апели од страна на израелски претставници. Сега пристап до тие профили не е можен од Израел, но се уште се достапни надвор од таа држава.

Затворањето го побара министерот за јавна безбедност, Гилад Ердан, заканувајќи се со судска постапка ако Твитер не ги блокира, пренесуваат израелските медиуми.

-Овозможувајќи им на терористичките организации да делуваат слободно и да ги шират своите пораки по пат на вашата платформа може да биде кршење на израелскиот закон за обезбедување поддршка на теростичките организации, напиша Ердан во Писмото до Твитер.

 

Коронавирус