понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 28
home Вести

Турските сили возвратија на нападите на армијата на Асад

Турските сили возвратија на нападите на армијата на Асад

Откако во сириски артилериски напад беа убиени четири и ранети деветмина турски војници во сириската провинција Идлиб, армијата на Турција одговори со напади врз речиси 40 објекти.

Претседателот Реџеп Тaип Ердоган нагласи дека државата ќе продолжи со возвраќање на какви било напади од силите на Асад.

– Одговоривме соодветно на тие напади и ќе продолжиме…Одлучни сме да продолжиме со операциите за безбедност на нашата држава, народот и границите со Идлиб. Кој се сомнева во нашата цврста решителност, наскоро ќе разбере дека тоа му е грешка, изјави тој во Истанбул.

Според договорот од 2017 година со Русија и Иран, регионот има 12 пунктови што се под надзор и неколку од нив се опкружени со сириската армија. Турското Министерство за одбрана соопшти дека единиците испратени за поддршка на тие пунктови биле нападнати. Тоа се случи и покрај тоа што сириската страна беше информирана за нивниот потег, додаде Министерството.

Коронавирус