вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 165
home Вести

Турските сили во Сирија ја зарабија сестрата на ал Багдади

Турските сили во Сирија ја зарабија сестрата на ал Багдади

Неименува турски владин претставник синоќа изјави дека во северозападна Сирија е заробена постарата сестра на убиениот лидер на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади.

Тој тврди дека 65-годишната Расмија Авуд е уапсена во камионска приколка, во која живеела со семејството, во близина на местото Азаз, во сириската област што е под контрола на Турција.

Таа при заробувањето била заедно со нејзиниот сопруг, петте деца и еден роднина. Полнолетните лица кои биле со неа биле на испитување.

Американските сили ноќта на 27 октомври извршија операција за апсење на ал Багдади во северозападна Сирија. Но лидерот на ИД се самоуби активирајќи експлозив.

 

Коронавирус