вторник, 4. октомври 2022. Вести денес: 168
home Вести

Турските сили убиле 1.141 терорист при операцијата „Маслиново гранче“ во Сирија

Турските сили убиле 1.141 терорист при операцијата „Маслиново гранче“ во Сирија

Турските вооружени сили убиле 1.141 терорист за време на операцијата „Маслиново гранче“ во реонот на градот Африн, во северниот дел на Сирија, соопшти денеска Генералштабот на турската армија.

Во рамки на денешната операција во Африн турските сили убија уште 79 терористи од Силите за заштита на народот, Курдската работничка партија, Партијата на демократскиот сојуз и од џихадистичката група Исламска држава.

Од почетокот на акцијата досега загинале вкупно 1.141 терорист. Офанзивата на турската војска „Маслиново гранче“ започна на 20 јануари.

Коронавирус