четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Турски весник објави нови снимки од убиството на Кашоги

Турски весник објави нови снимки од убиството на Кашоги

Турскиот весник Сабах пренесува дека последните зборови на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги упатени до неговите убијци биле да не му ја затвораат устата, бидејќи боледува од астма и може да се загуши.

Весникот објави нови извадоци од снимката од разговорот на Кашоги и членовите на групата Саудијци кои биле испратени да го убијат.

Сабах пишува дека до снимката од грозоморното убиство од 2 октомври 2018 година во саудискиот конзулат во Истанбул дошла турската разузнавачка агенција.

Според транскриптот на снимката, член на саудискиот тим му вели на Кашоги дека мора да биде вратен во Ријад поради налог на Интерпол.

Исто така, се додава дека Саудиецот го принудува Кашоги да му испрати порака на синот во која му пишува да не се грижи ако не му се јавува.