сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 51
home Вести

Турски Ф-16 соборил ерменски воен авион

Турски Ф-16 соборил ерменски воен авион

Ерменското Министерство за одбрана објави дека турски борбен авион Ф-16 соборил ерменски борбен авион СУ-25. Авионот, според руските медиуми, се урнал во ерменскиот воздушен простор.

Информацијата ја објави порталот „Русија денес“, што е под силно влијание на официјален Кремљ.

Како што е познато, конфликтите меѓу Ерменија и Азербејџан траат со денови. Русија, предводена од претседателот Владимир Путин, ја поддржува Ерменија, а Турција, предводена од Реџеп Таип Ердоган, го поддржува Азербејџан.

Ако се точни информациите за турското уривање на ерменскиот воен авион, тоа значи дека Турција е отворено вклучена во воениот конфликт меѓу Ерменија и Азербејџан, што драматично би го дестабилизирало регионот.

Коронавирус