сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 77
home Вести

Турската опозиција бара укинување на вонредната состојба

Турската опозиција бара укинување на вонредната состојба

Главната турска опозициска Репуликанска народна партија (ЦХП) денеска побара укинување на вонредната состојба, што е воведена по неуспешниот обид за државен удар во јуни 2016 година.

Барањето на опозицијата уследи откако претседателот Реџеп Тајип Ердоган денеска најави предвремени парламентарни и претседателските избори во јуни.

– Под итно мора да се укине вонредната состојба, не може да се одржат избори додека е во сила вонредна состојба, изјави портпаролот на ЦХП, Булент Тезчан.

Ердоган најави дека парламентарните и претседателскитете избори ќе се одржат на 24 јуни, една година пред редовниот термин.

МИА

Коронавирус