недела, 24. февруари 2019. Вести денес: 0
home Вести

Туристи од пеколот избркани од Нов Зеланд: Британско семејство ги избезумило жителите со своето однесување (ВИДЕО)

Туристи од пеколот избркани од Нов Зеланд: Британско семејство ги избезумило жителите со своето однесување (ВИДЕО)

Туристи од пеколот кои веќе со недели го тероризираат Нов Зеланд пристигнале и во тамошниот главен град Велингтон.

Група Британци, членови на исто семејство, веќе го обиколилe Оклeнд и Хамилтон каде оставале ѓубре по плажите, а кога жителите ги предупредиле да го соберат, тврделе дека се злоставувани.

Потоа се огласиле и сопствениците на еден ресторан кој велат дека Британците одбивале да ја платат храната, тврдејќи дека во неа нашле влакна или мравки. Едно од нивните деца им се заканувало на жителите кои се побуниле на нивното однесување, велејќи дека ќе “им го разнесе мозокот”.

Во средата, судот во Хамилтон ја прогласил 26-годишната Тина Марија Кеш за виновна откако украла енергетски пијалаци и очила за сонце од две бензински станици.

“Ние сме британски државјани. Ние не сме виновни, доаѓаме од добро семејство, нашиот дедо беше еден од 10-те најбогати луѓе во Англија. Дојдовме тука за да ги видиме Хобитите, за тоа сонувам откако се родив, но локалците ми ги уништија соновите”, се пожалил Џон Џонсон откако се појавила информација дека би можел да биде депортиран заедно со неговиот брат Давид и уште неколку роднини.

“Сѐ започна кога едно момче го удри мојот осумгодишен внук на плажа во Окленд. Тогаш започнаа да нѐ злоставуваат, нѐ нарекуваа “ирско ѓубре” и фрлаа предмети по нас”, додал Џон.

Но, дури ни градоначалникот на Окленд, Фил Гоф нема убави зборови за британското семејство за кое вели дека се “полоши од свињи”.

“Сакам да бидат казнети поради уништување на нашата земја. Тие не ни смеат да бидат тука, полицијата треба да ги уапси поради кражба”, изјавил Гоф.

Откако жителите на Нов Зеланд покренале петиција за депортација на Британците, а иселеничката служба им го испратила првото предупредување, навредениот Џонсон изјавил дека “се чувствува како вонземјанин и дека не е среќен”.

Петицијата досега ја потпишале повеќе од 4.600 луѓе, а целта е да се соберат 5.000 потписи.