сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 78
home Вести

Tуристи, аџии и работници во паника по предупредувањето за можни напади во Кашмир

Tуристи, аџии и работници во паника по предупредувањето за можни напади во Кашмир

Повеќе илјади индиски туристи, аџии и работници го напуштаат Кашмир, спорниот регион што е под контрола на Индија, по предупредувањето на локалната влада за можни напади од екстремистите.

Индија претходно соопшти дека се убиени петмина екстремисти откако нападнале припадници на индиската армија.

Индиските безбедносни сили во петокот соопштија дека имаат доказ дела пакистански екстремисти планираат да нападнат хиндуистички верници Кашмир.

Додека пакистанската Влада соопшти дека е загрижена поради ситуацијата во Кашмир, при тоа отфрлајќи ги индиските претпоставки за евентуален напад.

Индија и Пакистан го поделија Кашмир во 1947 година кога станаа независни држави, а потоа двапати војуваа за таа територија.

Коронавирус