сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 24
Во живо

ВО ЖИВО: ПРОТЕСТ ЗА ПОЛИКЛИНИКА ВО БУТЕЛ!

home Вести

Турција воведува нови мерки,откако бројот на заболени ја надмина критичната точка

Турција воведува нови мерки,откако бројот на заболени ја надмина критичната точка

Турското Министерство за внатрешни работи денеска објави нови мерки за сузбивање на ширењето на ковид- 19, затоа што дневниот број на ново заразени со коронавирус надмина 1.000.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека нивните единици ќе спроведат „еден-на-еден мониторинг“ на лицата од кои се бара да бидат во изолација, особено во првите седум дена, објави АП.

Министерството предупреди дека нема да прифати никакви прекршувања на обврските поврзани со носење маски и одржување социјална дистанца на собири како што се свадби или сунети.

Тие изјавија дека собирите на погребите исто така ќе бидат ограничени.

Со цел да се поттикнат мерките на претпазливост, на фирмите и транспортните компании што ги исполнуваат безбедносните услови, по три инспекции ќе им биде доделено логото „безбеден простор“, соопшти Министерството.

Исто така е најавено дека припадниците на полицијата ќе помогнат во изнаоѓање контакти во урбаните и одредени рурални области, додека на други места ќе им помогнат на наставниците и имамите.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу на својот профил на Твитер напиша дека утре ќе биде извршена опсежна инспекција низ цела Турција.

Според последните податоци, во Турција има скоро 235.000 заболени со коронавирус и 5.765 смртни случаи.

Бројот на дневни случаи на коронавирус се спушти под 1.000 на ден пред Турција да ја отвори својата економија, особено туризмот, на почетокот на јуни, на просечен дневен број од 1.360 во средината на тој месец.

Бројот на ново заразени со „Ковид-19“ потоа започна да се намалува, за повторно да се искачи над 1.000 во последните три недели.

Коронавирус