понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Турција уапси 50-ина припадници и висок командант на ИД

Турција уапси 50-ина припадници и висок командант на ИД

Турција соопшти дека денеска уапсила 51 лице осомничени за поврзаност со Исламската Држава.

Според агенцијата Анадолија, осомничените исламисти биле уапсени во серија координирани рации, откако биле добиени информации дека групата подготвува напади.

Паралелно со апсењата, во турската област Хатај на границата со Сирија бил уапсен исламистичкиот командант Мехмет Абитогу, по кого Турција имаше распишано потерница и награда од 244.000 долари.

МИА

Коронавирус