сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 77
home Вести

Турција со план за рестарт на економијата во крајот на мај

Турција со план за рестарт на економијата во крајот на мај

Турската Влада има за цел да почне да ја обновува економијата на крајот на мај по остриот пад поради мерките за пандемијата од коронавирусот, и притоа да го минимизира ризикот од втор бран на зараза. Тоа го изјави денеска висок турски претставник, цитиран од западни медиуми.

Покрај тоа, претседателот на Здружението на трговски центри во Турција, Хусеин Алташ, посочи дека се планира да се отворат трговските центри на 11 мај во случај трговците да сакаат и по одобрување од специјализираниот научен совет за борба против коронавирусот.

-Кога ќе погледнеме во бројот на случаи и смртни случаи, достигнавме позитивна точка. Отсега има можност економијата да се отвори, изјави цитираниот турски претставник, кој побара анонимност.

– Неодамнешните студии покажуваат дека повторното отворање на економијата ќе биде можно кон крајот на мај и сегашните случувања го потврдуваат ова, рече изворот, додавајќи дека ќе бидат преземени чекори во таа насока без да се дозволи втор бран на зараза.

Изворот рече дека турската Влада вчера разговарала за можни дополнителни даночни олеснувања и иницијативи за заштита на работни места и намалување на деловните трошоци. Тој најави дека владата има за цел да го стимулира секторот за туризам и воздушен сообраќај погодена од кризата.

Повторното отворање на економијата „ќе овозможи позитивни показатели за БДП во втората половина од годината и ќе ги минимизира годишните намалувања оваа година“, рече турскиот официјален претставник.

Коронавирус