четврток, 27. јуни 2019. Вести денес: 18
home Вести

Турција: Сириските владини сили го кршат договорот за примирје во Идлиб

Турција: Сириските владини сили го кршат договорот за примирје во Идлиб

Турција ги обвини сириските владини сили за кршење на договорот за прекин на огнот во реонот на градот Идлиб, што беше постигнат меѓу Анкара и Москва.

Русија во осумгодишниот конфликт во Сирија ја поддржува Владата на сирискиот претседател Башар ел Асад, додека Турција им дава поддршка на дел од бунтовничките групи.

– Режимот не го исполни ветувањето за прекин на огнот и покрај договорот, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

Според него, евентуална ескалација на судирите во Идлиб, кој е последното поголемо упориште на бунтовниците во Сирија, би можело да доведе до „хуманитарна трагедија“.(МИА)