вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 96
home Вести

Турција се сомнева дека организаторот на неуспешниот пуч во 2016 година се крие во Германија

Турција се сомнева дека организаторот на неуспешниот пуч во 2016 година се крие во Германија

Турските власти имаат сериозен сомнеж дека наводниот организатор на неуспешниот обид за државен удар во 2016 година се крие во Германија, изјави турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера рече дека Германија издала налог за потрага по Адил Јоксуз.

– Тоа што Германија треба да го стори откако ќе го пронајде, е да ни го предаде според договорите и законот, изјави Чавушоглу.

Турција го обвинува исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, за организирање државен удар, иако тој ги отфрла обвинувањата. Јоксуз, поранешен универзитетски лектор, е обвинет од Анкара дека е еден од оние кои го организирале обидот за пуч.

Турски медиуми, повикувајќи се на неименуван извор, јавуваат дека Јоксуз се крие во стан во Берлин.

МИА

Коронавирус