вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 120
home Вести

Турција се повлече од Истанбулската конвенција за заштита на жените од насилство

Турција се повлече од Истанбулската конвенција за заштита на жените од насилство

Турција се повлече од европскиот договор за заштита на жените од насилство која прва го потпиша пред десет години. Претседателот Реџеп Таип Ердоган утринава со указ ја поништи турската ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа, позната како Истанбуска конвенција.

Активистите за права на жената сметаат дека оваа конвенција е пресудна во борбата против насилство во семејството.

Групи за одбрана на човековите права наведуваат дека насилството и убиството на жени е во пораст во Турција.

Турција беше првата држава која ја потпиша Конвенцијата во 2011 година. Законот стапи на сила во 2014 година. Во Истанбулската конвенција се наведува дека мажите и жените имаат еднакви права и се обврзуваат кон сопствената земја дека ќе превземат мерки за спречување на насилството над жените, ќе ги заштитат жртвите, а сторителите ќе бидат изведени пред суд.

ЕУРО 2020

Македонија