сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 15
home Вести

Турција пресретна грчки авиони во источен Медитеран

Турција пресретна грчки авиони во источен Медитеран

Турското Министерство за одбрана соопшти дека со пресретнување се оддалечени шест грчки воени авиони Ф-16 кои се приближувале кон зоната на источен Медитеран, каде Анкара започна да ги истражува ресурсите на јаглеводород.

Во соопштението се наведува дека радарските системи на турската авијација регистрирале шест грчки авиони Ф-16 кои летале од островот Крит во јужниот дел на Кипар.

Исто така се додава дека турските воздухопловни сили југозападно од Кипар ги пресретнале и ги оддалечиле грчките авиони во областа што Турција претходно вчера ја прогласи за зона за истражување.

„Турските поморски и воздушни сили со апсолутна решителност продолжуваат да ги штитат нашите права и интереси и во источниот Медитеран“, се вели во соопштението.

Турција претходно издаде Навтекс-порака до морнарите дека ќе одржува воени вежби северозападно од Кипар до 11 септември. 

Коронавирус