понеделник, 10. декември 2018. Вести денес: 128
home Вести

Турција побара израелскиот амбасадор во Анкара да се врати во Израел

Турција побара израелскиот амбасадор во Анкара да се врати во Израел

Турција денеска побара од израелскиот амбасадор во Анакра, Ејтан Наех да „се врати во Израел на одредено време“, соопшти извор од турското Министерство за надворешни работи.

Ваквото барање на Наех му било пренесоно на средба во Министерството за надворешни работи на Турција, на која му бил врачен и протест поради мерките што ги презедоа израелските безбедносни сили за време на протестите во Појасот Газа, при што беа убиени над 60 Палестинци.

Турција жестоко го осуди насилството во Газа и отворањето на Американската амбасада во Ерусалим и побара одржување итен состанок на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) поради овие настани.

Во исто време, турскиот амбасадор во Израел, Кемал Јокем попладнево допатува во Анкара, каде што беше повикан на „консултации“.

Портпаролот на турската Влада, Бекир Боздаг уште по вчерашната владина седница информира дека амасадорите на Турција во Израел и САД бике повикани да дојдат на консултации во Анкара.

На случувањата во Газа реагирааше и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој ги осуди мерките на израелските безбедносни сили и Израел го нарече „терористички држава“.

На ваквата реакција на Ердоган одговори израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој му порача дека не треба да му дели лекции на Израел.

– Ердаган е меѓу најголемите поддржувачи на Хамас и не се сомневам дека добро знае што е тероризам и ѕверство. Го советувам да не ни држи лекции за морал, напиша Нетанјаху на Твитер.

МИА