вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 174
home Вести

Турција планира да го забрани намалувањето на бројот на вработени во следните три месеци

Турција планира да го забрани намалувањето на бројот на вработени во следните три месеци

Турција планира да го забрани намалувањето на бројот на вработени во рок од три месеци, со цел да се намали влијанието на новиот коронавирус  врз работниот тек во земјата.

Владата во моментов разговара со деловната заедница во Турција.

Според планот на претседателот Реџеп Таип Ердоган, ќе може да се продолжи забраната за прекинување работен однос на работодавецот со вработениот до шест месеци.

Сепак работодавците ќе имаат право да им дадат на своите вработени неплатен одмор.

Во тој случај вработените ќе добијат надоместок од  околу 39,24 лири (5.30 евра) од Државниот фонд за обештетување при невработеност.

Освен тоа Владата на Турција предвидува грижа и во итни случаи како што се епидемија, земјотрес, природни непогоди и слично за возрасните лица, лицата со посебни потреби и други социјални групи, без да ја зема предвид нивната финансиска состојба.

Владата на Турција исто така го одложи плаќањето на сите даноци и расходи на општините за време на епидемијата, без  камати и зголемувања.

Коронавирус