среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Турција отпушти над 18.000 државни службеници

Турција отпушти над 18.000 државни службеници

Турција денеска издаде уредба со која се отпуштени над 18.000 државни службеници, од кои половина се припадници на полицијата.

Одлуката за отпуштање на државните службеници беше донесена по победата на претседателот Реџеп Таип Ердоган на изборите, што беа оджани пред две недели.

Турските медиуми наведоа, дека уредбата е донесена пред очекуваното укинување на вонредната состојба во земјата, што е на сила од јули 2016 година, а беше воведена по неуспешниот државен удар.

МИА

Коронавирус