сабота, 16. февруари 2019. Вести денес: 68
home Вести

Турција наложи апсење на 1.112 лица поради поврзаност со Ѓулен

Турција наложи апсење на 1.112 лица поради поврзаност со Ѓулен

Турските власти денеска издадоа налози за апсење на 1.112 лица, осомничени за поврзаност со движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад обидот за државен удар во Турција во 2016 година.

Како што јави турската агенција Анадолија, налози за апсење се издадени во рамки на истрагата за наводни измани на испит во 2010 година, со што им е овозможено на полицајци да станат заменици полициски инспектори.

Обвинителството тврди дека прашањата пред тестот им биле поделени на следбеници на Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД.

Ова е една од најголемите операции против мрежата на Ѓулен по неуспешниот државен удар.

Полицијата покрена симултани операции во Анкара и во уште 75 провинции.

Од неуспешниот државен удар, досега се уапсени околу 77.000 луѓе, а 130.000 се отпуштени од работа.

Ѓулен, од своја страна, негира дека имал каква било поврзаност со обидот за државен удар.