сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 2
home Вести

Турција: Каде бевте досега?

Турција: Каде бевте досега?

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска се огласи за воздушните напади во Сирија од страна на САД, Велика Британија и Франција кои беа одговор за наводниот напад со хемиско оружје во градот Дума во минатиот викенд.

-Седум години луѓето беа масакрирани во Сирија, а бруталноста продолжува. Вие се сетивте на вашата човечност кога режимот искористи хемиско оружје? Каде бевте до денеска? Нашиот систем и закони не дозволуваат убивање на луѓе ниту од хемиско, ниту од нормално оружје. Рано изутрината САД и сојузниците спроведоа операција. Секако, ние тоа го гледаме како позитивен чекор. Меѓутоа, треба да се направи многу повеќе за да се дојде до мир. Турција презема неопходни чекори за регионалните проблеми. Денеска бараме глобален мир против масакрите во Источна Гута и Дума, изјави Јилдирим.

Во меѓувреме, државната новинска агенција Анадолија јави дека претседателот Реџеп Таип Ердоган и британската прва министерка Тереза Меј имале телефонски разговор, каде зборувале за последните случувања во Сирија.

Цитирајќи претседателски извори, Анадолија јави дека Ердоган потенцирал на важноста да не ескалира тензијата во Сирија. Ердоган кажал оти политичко решение е единствен начин да се запре бруталноста на режимот со конвенционално и хемиско оружје, потенцирајќи дека тоа е единствениот начин со кој сириските граѓани ќе дојдат до долготраен мир.

Коронавирус