понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Турција го повлече цело злато од САД, што се случило?

Турција го повлече цело злато од САД, што се случило?

Централната банка на Турција во текот на 2017. година ги повлекла сите златни резерви од американските Федерални резерви.

Како што пишуваат медиумите, одлуката за повлекување на зладните плочки е донесена поради заострувањето на односите меѓу Анкара и Вашингтон по повеќе регионални и билатерални теми.

Систематското повлекување злато од амеканските Федерални резерви почнало во 2017. година. Во САД биле чувани 28,7 тони од драгоцениот метал.

Потврда за таа информација се наоѓа и во официјалниот извештај на Централната банка од април месец. Во делот за резервите во САД, за 2016. се наведува цифра од 28.689 килограми злато, додека во следната година тоа поле е пречкртано. Вкупниот обен на златни резерви на земјите, како што пишува во извештајот, се проценува на 565,6 тони, односно 20 милијарди долари во парична противвредност.

Златото кое е повлечено од САД делумно е вратено во Турција, додека остатокот е распределен во Европа.

Коронавирус