понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 136
home Вести

Турција ги отфрла санкциите на ЕУ

Турција ги отфрла санкциите на ЕУ

Турција денеска ја отфрли одлуката на Европската унија да и воведе санкции за активностите во источен Медитеран, нарекувајќи ја „пристрасна и нелегитимна“.

– Ја отфрламе овој пристрасен и нелегитимен став содржан во заклучоците од самитот на ЕУ, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Лидерите на ЕУ 27 на самитот во Брисел одлучија да почнат подготовки за санкции против Анкара.

Во нацрт заклучоците од самитот се наведува дека Советот на ЕУ, вклучително и министерот за надворешни работи Џозеф Борел, се повикуваат да „усвојат дополнителни списоци“ кои ќе бидат додадени на постојниот пакет санкции воведени поради „нелегалните турски активности за дупчење во источниот Медитеран“.

Лидерите на шефот за надворешна политика на ЕУ му дадоа мандат до март 2021 година да презентира извештај за „состојбата на политичките, економските и трговските односи меѓу ЕУ и Турција“ и можностите за во иднина, што вклучува и можни санкции против турските бродови кои вршат дупчење и истражување на гас и нафта во источниот Медитеран.

Во заклучоците Турција се повикува и, што е можно поскоро, да ги продолжи преговорите за повторно обединување на Кипар, со посредство на ОН.

Локални избори 2021