недела, 5. јули 2020. Вести денес: 139
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Труење со пиво во Бразил, тројца починати

Труење со пиво во Бразил, тројца починати

Три лица починаа во Бразил од точено пиво, а се претпоставува дека пивото содржело отровна хемикалија диетилен гликол (ДЕГ), што се користи во антифриз и други производи.

Министерството за земјоделство соопшти дека траги на ДЕГ се пронајдени во осум различни видови пива што ги произведува „Бејкер“.

Истражувањата покажуваат дека труењето со ДЕГ може да предизвика невролошки компликации, вклучувајќи парализа, кома и смрт.

Пиварницата соопшти дека соработува со истрагата, при тоа додавајќи оти не користи ДЕГ во производството, но дека употребува помалку отровна супстанца – моноетилен гликол.

Полицијата нареди и претрес на компанијата која ја снабдува пиварницата со моноетилен гликол

Парламентарни избори 2020