сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 49
home Вести

Труел пациенти на операции за да испадне херој- француски анестезиолог не успеал да спаси 9 лица

Труел пациенти на операции за да испадне херој- француски анестезиолог не успеал да спаси 9 лица

Анестезиолог во францускиот град Бесанкон е осомничен за труење на пациентите за време на операции за да предизвика застој на срцето, после што тој херојски ги враќал од работ на смртта, а обвинителството тврди дека во девет наврати не успеал во својата замисла, па луѓето умирале.

Истражните судии пронашле докази кои го поврзуваат лекарот Фредерико Пешиер со 24 од 66 сомнителни инциденти кои се случиле за време на хируршките зафати во клиниката во која работелм изјавил во четвртокот за новинарите обвинителот во Бесанкон, Етиен Манту.

-Пешиер се појавува како заедничка врска за таа несреќа и сериозни случаи, се чини, поврзани со акутниот конфликт со други анастезиолози или хирурзи во клиниката Сен Винсент – рекол Манту.

Додал како 47-годишникот е осомничен за вбризгување на смртоносни дози калиум-хлорид или анастетик во перфузиска вреќичка за време на бенигните операции. Пешиер негирал било какви злоупотреби, но обвинителството побарало негово задржување во притвор до судењето на кое би требало да се соочи со доживотна затворска казна.

Пешиер бил цело време присутен во оживувањата на пациентите после сомнителни откажувања на срцето и неговите колеги заклучиле дека бил зачудувачки брз во дијагностицирање на предозирање со анестетик, додал бовинителост.

Пешиер бил единствен лекар присутен за време на сите случаи во кои се пронајдени траги од отров или кога било дијагностицирано предозирање.

Инцидентите биле бројни за време на периодот на „интензивниот конфликт“ меѓу Пешиер и неговите колеги, известил Манту.

Пешиер признал дека се направени кривични дела на операциони маси. но рекол дека не е одговорен за нив. Неговиот адвокат изјавил дека Пешиер ги отфрла сите обвиненија против него.

Коронавирус