вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 167
home Вести

Трудо се огласи по нападот во Торонто

Трудо се огласи по нападот во Торонто

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека канадските власти не гледаат елементи за загрозување на националната безбедност во нападот врз пешаци во Торонто.

Според него, тешкиот инцидент не го сменил нивото на опасност во Канада, иако се случил во време на состанокот на министерите за надворешни работи и безбедност од Г-7 во Торонто.

Трудо рече дека Канада ќе направи се за нејзините граѓани да бидат безбедни и верни на своите вредности.

– Не можеме како Канаѓани да одлучиме да живееме во страв секој ден додека одиме на работа, изјави тој.

Канадската полиција се обидува да утврди зошто возачот на изнајмено комбе удри во група луѓе на тротоар при што загинаа 10 и повредни се 15 лица.

МИА

Коронавирус