недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Трудо повика на единствен фронт против Кина заради апсењето странски државјани

Трудо повика на единствен фронт против Кина заради апсењето странски државјани

Канадскиот премиер Џастин Трудо ги повика земјите ширум светот да создадат единствен фронт против апсењето странски државјани во Кина.

Британските медиуми јавуваат дека Трудо ова го побара откако Канада повеќепати бараше од своите партнери да извршат притисок врз Пекинг да ослободи двајца уапсени канадски државјани.

-Имаме огромно ниво на координација, не само со САД, туку и со сојузниците ширум светот, со цел постојано да го поставуваме прашањето за присилната дипломатија, што Кина се почесто ја користи, рече Трудо во интервју емитувано вчера.

„Кина уапси двајца мажи откако канадската полиција, по американски налог, ја уапси шефицата на финансиската служба на компанијата „Хуаевј“, Менг Ванџу.

Таа се наоѓа во домашен притвор во Ванкувер додека ја води правната битка за да биде испорачана во Кина, додаваат британските медиуми.

Коронавирус