вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 76
home Вести

Трудо бара одговори за авионската несреќа во Иран во која загинаа 63 Канаѓани

Трудо бара одговори за авионската несреќа во Иран во која загинаа 63 Канаѓани

Канадскиот премиер Џастин Трудо истакна дека неговата Влада ќе добие одговори за авионската несреќа во Иран со падот на украинскиот авион во кој загинаа 63 Канаѓани.

– Канада е многу загрижена, рече Трудо, истакнувајќи дека 138 патници во авионот биле поврзани со Канада.

Во авионот имало повеќе меѓународни студенти, кои студирале на универзитети ширум Канада, едни младенци и четиричлено канадско семејство.

Трудо рече дека неговата влада им се обратила на меѓународните партнери и оти разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп во средата.

На прашањето дали може да каже дали авионот бил соборен или не, Трудо рече: „Не можам. Премногу е рано за шпекулации“.

Тој истакна дека семејствата на жртвите од Канада сакаат и заслужуваат одговори.