среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 193
home Вести

Тројцата космонаути од Меѓународната вселенска станица безбедно се вратија на Земјата

Тројцата космонаути од Меѓународната вселенска станица безбедно се вратија на Земјата

По шестмесечната мисија на Меѓународната вселенска станица тројца космонаути безбедно се вратија на Земјата.

Космонаутот на НАСА, Крис Касиди и космонаутите на Роскосмос, Анатолиј Иванишин и Иван Вагнер слетаа во степина на Казахстан, југоисточно од Жесказган.

По медицинскио преглед тројцата космонаути со хеликоптер ќе бидат префрлени до Жесказган, од каде ќе заминат дома.

Касиди, Иванишин и Вагнер поминаа 196 денови во Вселената.

Астронаутот на НАСА, Кејт Рубинс и астронаутите Сергек Рижиков и Сергеј Куд-Сверчков од Роскосмос пред една недела пристигнаа на Меѓународната вселенска станица, каде ќе претстојуваат шест месеци. (MИА)

Коронавирус