среда, 15. јули 2020. Вести денес: 45
home Вести

Тројца загинати во пад на воен хеликоптер во Индонезија

Тројца загинати во пад на воен хеликоптер во Индонезија

Индонезиски воен хеликоптер се урна на островот Јава, при што загинаа тројца од деветте патници, пренесоа медиумите во Џакарта.

Американските медиуми јавуваат дека индонезиската армија не соопшти за несреќата во која загинаа тројца патници, а шестмина други се  повредени и пренесени во две болници во областа Кендал.

Очевидец на инцидентот потврди дека хеликоптерот пред падот летал многу ниско.

„Непосредно пред падот на хеликоптерот, двајца патници скокнаа од него, а потоа леталото се урна и се слушнаа неколку експлозии“, изјави сведокот на несреќата за локалната ТВ Компас.