четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 175
home Вести

Тројца загинати во пад на ултралесен авион врз станбена зграда во градот Весел, во северо-западна Германија

Тројца загинати во пад на ултралесен авион врз станбена зграда во градот Весел, во северо-западна Германија

Три лица денеска загинаа кога ултралесен авион се урна во станбена зграда во северо-западна Германија, соопшти портпаролот на полицијата, јави ДПА.

Идентитетот на загинатите е непознат, како и прашањето дали и пилотот е меѓу нив. Во авионот имало место за две лица,појаснува агенцијата.

Авионот се урна врз покрив од зграда со пет стана во градот Весел, во регионот Долна Рајна Вестфалија, По падот покривот го зафатил оган, но пожарот е ставен под контрола попладнево.

При преглед на зградата пожарникарите пронашле мало дете, веројатно станар на зградата, кое било полесно повредено, соопшти портпаролот на полицијата.

Коронавирус