понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 81
home Вести

Тројца загинати откако се урна салвадорски воен авион во Пацификот

Тројца загинати откако се урна салвадорски воен авион во Пацификот

Три лица, двајца членови на екипажот и син на министерот за одбрана загинаа во пад на салвадорски воен авион во Пацификот. Авионот се урна доцна синоќа а армијата потврди дека се пронајдени телата на жртвите.

Загинаа двајца членови на екипажот и Херардо Мерино, син на министерот за одбрана Френсис Рене Мерино Монро. Вооружените сили не објаснија зошто Мерино се наоѓал во тој авион кој, како што наведоа, „бил на мисија во крајбрежната област“ кога се урнал.

Несреќата се случила на околу три наутички милји од брегот.

Коронавирус