сабота, 4. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Тројца убиени и 10 повредени во бомбашкиот напад врз автобус со виетнамски туристи во Гиза

Тројца убиени и 10 повредени во бомбашкиот напад врз автобус со виетнамски туристи во Гиза

Двајца виетнамски туристи и египетски водич загинаа во денешниот бомбашки напад врз автобус кој поминувал во близина на пирамидите во Гиза, јужно од Каиро, соопштија официјални извори.

Во автобусот имало 14 виетнамски туристи, соопшти египетското Министерство за внатрешни работи.

Министерството претходно соопшти дека во експлозија на рачно изработена бомба во туристички автобус загинале двајца виетнамски туристи и биле повредени 12 лица од кои 10 биле виетнамски туристи, возачот на автобусот и туристичкиот водич. Инцидентот се случил кога автобусот налетал на рачно изработена бомба поставена на пат.

Во автобусот имало 14 виетнамски туристи, соопшти египетското Министерство за внатрешни работи.

Подоцна, при посетата на повредените во болница, египетскиот премиер Мостафа Мадбули изјави дека водичот им подлегнал на повредите.

Египет беше цел на многу напади од страна на екстремистички групи насочени главно против безбедносните сили и коптското христијанско малцинство во земјата. По нападите, безбедносните мерки во египетските туристички градови се зајакнати.

Коронавирус