четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Тројца научници добија Нобелова награда за хемија

Тројца научници добија Нобелова награда за хемија

Научниците Френсис Арнолд, Џорџ Смит и Грегори Винтер ја освоија Нобеловата награда за хемија за 2018 година, за истражување на користењето насочена еволуција во производство на ензими за нови хемикалии и лекови, соопшти денеска шведската Кралска академија на науки.

– Годинава Нобеловите лауреати од областа на хемијата беа инспирирани од силата на еволуцијата и ги користеа истите принципи – генетски промени и селекција за да развијат протеини кои ги решаваат хемиските проблеми на човештвото, се наведува во образложението на Кралската академија.

Тројцата научници ќе добијат девет милиони шведски круни, односно милион американски долари.