четврток, 23. март 2023. Вести денес: 140
home Вести

Тројца исчезнати во невремето во Шпанија

Тројца исчезнати во невремето во Шпанија

Најмалку три лица се водат како исчезнати во Шпанија откако земјата изминатиов викенд ја погоди невреме проследено со пад на температурите, како и врнежи од дожд и снег.

Весникот „Паис“ јави дека исчезнал млад човек кој бил на риболов во областа Камарињас во северозападната автономна област Галиција, како и двајца туристи кои се изгубиле во саботата во планините Жирона, во автономната област Каталонија.

Во областа Астурија и на островот Менорка, кој е дел од Балеарските острови, повеќе од 50 илјади луѓе се уште се без струја. Речиси 1.300 ученици во Астурија денеска не се на училиште.

Поради лошото време, Државната метеоролошка служба денеска го зголеми нивото на опасност во некои автономни области до „жолто“ (опасно) или „портокалово“ (многу опасно). (МИА)

loading...