петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 142
home Вести

Трогателно и жално: Сопругот загинал во 2015, а силниот земјотрес го спои тричленото младо семејство на небото (ФОТО)

Трогателно и жално: Сопругот загинал во 2015, а силниот земјотрес го спои тричленото младо семејство на небото (ФОТО)

Трагедијата која што ја предизвика земјотресот во Албанија, не ја трогна само земјата туку и целиот свет. Престижниот швајцарски весник „Блицк“ посвети еден натпис на 30-годишната мајка и нејзината 8-годишна ќерка кои што загинаа во вчерашниот земјотрес кој што ја погоди Албанија.

-Земјотресот сруши една шест катница во Драч, каде што живеа Диена Мечај Каранџха (30) и нејзината ќеркичка осумгодишната Есиела.

Спасувачките екипи за жал го пронајдоа безживотното тело на осумгодишното девојче, а нејзината мајка после два часа потрага се уште жива и веднаш беше префрлена во болница.

Но, за жал од тешките повреди после 14 часа и таа почина во болница.

Инаку, тие во 2015 година го изгубиле својот татко и сопруг и од тогаш сами живееле во станот.

Сега трагедијата повторно ги спои на небото помеѓу ангелите.

Коронавирус