петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Трогателна посветa на кралицата до нејзиниот сопруг на 50-годишнината од нивниот брак: „Тој беше и останува моја сила“

Трогателна посветa на кралицата до нејзиниот сопруг на 50-годишнината од нивниот брак: „Тој беше и останува моја сила“

Ден по смртта на принцот Филип, кралското семејство објави трогателна посвета што кралицата Елизабета Втора му ја посвети на својот сопруг за време на прославата на 50 години брак.

Кралското семејство објави фотографија од парот на Твитер и порака од 1997 година, кога кралицата и принцот ја обележаа таканаречената златна свадба.

– Тој едноставно беше и останува моја сила во текот на сите овие години, и јас, и целото негово семејство, и оваа и многу други земји, му должиме повеќе отколку што некогаш би барал, или што бнекогаш би дознале- пишува во објавата.

Неколку минути подоцна, кралското семејство објави друга фотографија, на која принцот Филип и кралицата беа на нејзиното крунисување во 1953 година, пренесува Sky news.

– Војводата од Единбург беше посветен придружник на монархот скоро 70 години, од стапувањето на нејзиното височество на престолот во 1952 година до неговата смрт – стои во описот на фотографијата.

Да потсетиме, принцот Филип, сопруг на кралицата Елизабета Втора, почина во петокот, на 9 април, на 99-годишна возраст.

Коронавирус