четврток, 22. април 2021. Вести денес: 37
home Вести

Триесетмина загинати при судир на автобус и камион во Кенија

Триесетмина загинати при судир на автобус и камион во Кенија

Триесет лица загинаа денеска, а 16 се повредени при судир на автобус и камион на магистрала во Централна Кенија, соопшти локалната полиција.

– Сите тела се извадени, а повредените се пренесени во болница во градот Накуру, изјави началникот на полицијата во областа Рифт, Зеро Ароме.

Полицискиот началник додаде дека меѓу жртвите се двајцата возачи, и тригодишно дете.

Несреќата се случила на магистралата од Накуру до Елдорет.

Според официјални податоци, секоја година во сообраќајни несреќи во Кенија страдаат околу 3.000 лица.

Коронавирус