четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Вести

Триесет проценти од територијата на ЕУ ќе бидат заштитени подрачја

Триесет проценти од територијата на ЕУ ќе бидат заштитени подрачја

Европска Унија на 7 јуни ќе дебатира за Стратегијата на ЕУ за биодиверзитет до 2030 година, а следниот ден Европски Парламент ќе гласа за резолуција.

Предлог-резолуцијата предвидува 30 проценти од територијата на ЕУ, копно и вода, да бидат заштитени подрачја и веднаш да се преземат мерки против намалувањето на пчелите и другите опрашувачи.

ЕУ сака да ги намали емисиите на штетни гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градиона за 40 отсто до 2030 година (во споредба со 1990 година) и емисиите на јаглерод да се намалат до нула до 2050 година. За постигнување на овие цели потребни се значителни инвестиции во технологии за производство на чиста енергија.

Според ЕК за постигнување на таквите цели до 2030 година потребни се 260 милијарди евра дополнителни инвестиции на годишно ниво.

Пред речиси две години, Брисел се обврза на Европски зелен договор, што подоцна стана составен дел од новата рамка на Стратегијата за биодиверзитет до 2030 година.

Коронавирус