петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Тридневна жалост во ОАЕ: Почина синот на шеикот

Тридневна жалост во ОАЕ: Почина синот на шеикот

Синот на владетелот на Шарџа, починал на 39-годишна возраст во Лондон, објавија денеска тамошните медиуми.

Основачот на машкиот бренд „Касими“, шеикот Халид бин Султан Ал Касими бил и син на шеикот Султан Бин Мухамед Ал Касими, кој владее со градот во Обединтети Арапски Емирати. Починал на 1. јули, а официјалната причина за смртта се уште не е позната.

Според неофицијалните информации, во станот во кој умрел синот на шеикот, била пронајдена дрога.

Знамињата во Обединетите Арапски Емирати се спуштени на половина копје и наредена е тридневна жалост.

Принцот во 2008 година во Велика Британија основал машки бредн „Касими“.

Султан бин Мухамед Ал Касими на власт дошол во 1972 година. Ова е второ негово дете трагично да почине.

Најстариот син, шеикот Мухамед Бин Султан Ал Касими, починал од предозирање со хероин на 24 години во 1999 година. Наводно бил пронајден на подот од купатилото во куќа во источен Гринстед, опкружен со шприцеви.

Коронавирус